Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од шестото коло во Лигата на шампионите во женска конкуренеција.
Две судиски двојки од Македонија добија делегирање и ќе патуваат во Данска, односно Турција претстојниот викенд.
Исмаил Металари и Ненад Николовски ќе го судат натпреварот меѓу данскиот Оденсе и германскиот Битигхајм, кој ќе се игра на 23 октомври од 16:00 часот.
Силвана Карбеска и Марија Илиева ќе го судат натпреварот меѓу турскиот Кастамону и данскиот Есбјерг, кој ќе се игра на 23 октомври од 14:00 часот.