Мерк заминува од ЧСМ Букурешт?

Норвешката репрезентатика Нора Мерк би можела во следната сезона да има нов предизвик во кариерата.

Иако практично и не заигра за ЧСМ Букурешт поради повреда, кога беше подготвена да се врати на терените, се случи прекинот поради коронавирусот.

Романскиот тим има големи финансиски проблеми, ракометарките немаат земени плати подолго време, згора на се имаше и големо кратење на платите, па Мерк може да си замине.

„Сега е најлошо време да се менува тим. Најважно од се е дека јас сакам да играм ракомет повторно и очекувам тоа да биде во Букурешт. Мојата рехабилитација течеше многу лошо, тешко. Но сега чекам можност да се вратам на терен“, вели Мерк.