Додека го чека следниот тренерски ангажман македонската ракометна легенда, Иван Марковски е активен како менаџер, а неодамна отвори и своја менаџерска агенција.
Сепак вели дека тоа е само хоби, помага со своите ракометни контакти на оние на кои им е потребно.
„Од пред некое време отворив своја менаџерска агенција, која што на некој начин е мое хоби. Контактите кои ги имам, кои сум ги стекнал низ кариерата и клубовите во кои сум настапувал ми даде некоја привилегија да можам да помогнам и во тој дел. Не ја чувствувам таа професија како нешто што можам професионално да работам. Им помогнав на неколку клубови во Македонија во изминативе десет години донесовме неколку француски играчи и други странци кои продефилираа низ македонските клубови, но тоа е нешто што го работам кога немам тренерски ангажман. Тренерската професија е приоритет и амбиција за мене. Периодов додека сум без тренерски ангажман, па секој кој ме исконтактирал и кој сметал дека можам да му помогнам, сум го направил тоа и го правам тоа. Мислам дека покрај функцијата на тренер, менаџер е нешто што ме интересира и во што сметам дека можам да придонесам.“
Комплетно интервју со Марковски прочитајте го во продолжение.
ИНТЕРВЈУ ИВАН МАРКОВСКИ: Мојата генерација допрва ќе го каже своето