Фондацијата Марко Божиновски во чест на истоимениот починат млад ракометар на Бутел Скопје ќе организира меморијален турнир на кој ќе учествуваат и екипи од странство.
Турнирот ќе биде за млади играчи до 18 години, а ќе учествуваат екипите на Вардар, Еурофарм Пелистер, Нексе, Војводина, Пролет, Алкалоид, Голден Арт и Бутел Скопје.
Турнирот ќе се одржи во Спортскиот центар „Марко Божиновски“ во периодот од 14. до 17. јуни. Организаторот најави повеќе детали во следните денови.