Екипата на Мелсунген, која е предводена од екс тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, се уште е без победа во новата година.
Мелсунген од почетокот на вториот дел од натпреварувачката сезона 2022/23 ги загуби сите пет дуели во Бундес лигата, беше поразен од Кил, Гумерзбах, Лајпциг, Фуксе Берлин и Бергишер.
Петте порази во вториот дел од сезоната беа причина тимот на Парондо драстично да падне на табелата во најквалитетната лига на светот.
Сепак, покрај лошите резултати, раководството на Мелсунгн преку соопштение информираше дека искусниот тренер од Шпанија ќе остане на кормилото на тимот.
Мелсунген моментално се наоѓа на 12. позиција во Бундес лигата со 20 бода на свое конто.
Избраниците на Парондо првата победа во новата година ќе ја бараат викендов против Хановер.