Ракометарот на репрезентацијата на Данска, Хенрик Мелгард е премногу самоуверен пред почетокот на првенството. Тој говореше за очекувањата и целите на неговата репрезентација.
„Одиме на Европското првенство да го освоиме. Знаеме дека нашиот тим тоа го може. Имаме многу играчи со богато меѓународно искуство и веруваме во нивните можности. Исто така свесни сме дека работите можат да тргнат наопаку. Не смееме да ја губиме главата.“, истакна Мелгард.
Данска е актуелен светски шампион и сигурно еден од главните фаворити за златен медал на Европското првенство. Противници на Данска во прелиминарната фаза се Унгарија, Исланд и Русија.