Федерацијата на Северна Америка и Кариби доби известување од федерацијата на Мексико дека се откажува од организацијата на континенталното првенство.
Тоа беше планирано да се оджри од 1 до 8 ноември и да биде квалификациско за Светското првенство во Египет 2021 година, иако ИХФ даде рок до 31 октомври.
Сепак оваа опција отпадна откако Мескико се откажа поради ситуацијата со коронавирусот, па сега федерацијата на Северна Америка и Кариби ќе има итен состанок на 10 август за следните чекори.
Ако не се одржи ова првенство, тогаш ИХФ веројатно ќе додели вајлд-карта на САД, кои и онака беа главни фаворити.
Уште еден квалификациски турнир треба да се одржи во октомври, „последна шанса“ на јужноамериканскиот континент, а доколку биде откажан, Македонија треба да добие место за СП во Египет.