Mитја Јанц од следната сезона ќе го носи дресот на Целје. Јанц е делумно производ на ракометната школа на Целје бидејќи во јуниорските денови дојде од Севница каде што настапуваше во помладите категории.
Последната сезона ја помина како позајмен играч во Марибор, а сега потпиша договор со Целје до 2025 година.
„Среќен сум и горд што се договоривме за продолжување на договорот. По едногодишната позајмица во Марибор каде што се стекнав со искуство се враќам во Целје. Сите знаеме за каков клуб се работи и ќе се обидам да ја оправдам довербата од клубот и тренерот. Знам дека имам уште многу простор за напредок, па со нетрпение ја очекувам новата сезона“, изјави Јанц по потписот на договорот.
Во клубот Јанц пристигна во 2018 година и од тогаш настапуваше во кадетската и младинската екипа на Целје. Минатата сезона одигра неколку натпревари за првиот тим, беше дел од Лигата на шампионите и го привлече вниманието на себе.
Потоа следуваше позајмица во Марибор каде што оваа сезона постигна 67 голови. Во 2021 година беше избран за МВП на Европското првенство до 19 години во Хрватска.