Средниот бек на Јуниор КВ, Игор Мршуља, со вашите гласови го избравте за МВП, односно најкорисен играч на 8. коло од суперлигашкото разигрување за титула и за опстанок.
Игор Мршуља беше меѓу најдобрите поединци, во значајната победа над големиот ривал за опстанок Тиквеш.
Српскиот плејмејкер бек континуирано има добри партии во дресот на Јуниор КВ, а на Тиквеш му даде дури 10 погодоци, a одигра одлично и во одбраната.
Тој освои 43% од вкупниот број на гласови, додека второпласираниот Давор Шокоски имаше 25% од гласовите.