Левиот бек на Куманово, Немања Ѓурашковиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 8. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига.
Црногорецот беше меѓу клучните ракометари во ремито на Куманово на домашен терен со тимот на Јуниор КВ.
Тој освои околу 36% од гласовите, а второпласираниот Дамјан Тутенкоски од Струга собра околу 24% од вашите гласови.
Во трка за МВП беа уште и Антонио Николовски, Гал Цирар, Мартин Серафимов, Јан Чувара и Марио Танкоски.