МВП на 8. коло во Супер машката лига: Андреј Митиќ (Металург 2)

Уште еден пивот е играч на колото во Супер машката лига. Овој пат пивотот на Металург 2, Андреј Митиќ дојде до најголем број на гласови и со 59% од вкупниот број на гласови се најде пред своите конкуренти и е дефинитивно играч на 8. коло од Супер машката лига.

Зад него со 14 проценти остана голманот на Бутел Скопје, Златко Даскалоски, додека 10 проценти имаше Ален Ќосески од Вардар јуниор.

Зад нив останаа: Александар Долдуров (Радовиш, 7%), Филип Кривокапиќ (Охрид, 4%), Денис Тот (Охрид, 3%) и Горан Печенковски (Бутел Скопје, 3%).

Редакцијата на 24Ракомет и годинава ќе ви овозможи со вашите гласови да го бирате најдобриот ракометар во секое коло од првиоте дел на сезоната во кој ќе бидат одиграни 18 кола.

ДОСЕГАШНИ ИГРАЧИ НА КОЛО ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА, СЕЗОНА 2019/20

1.КОЛО: Стефан Додиќ (Металург)

2.КОЛО: Мартин Серафимов (Металург)

3.КОЛО: Давор Палевски (Работнички)

4.КОЛО: Крсте Андоновски (Охрид)

5.КОЛО: Лука Вујовиќ (Металург)

6.КОЛО: Мартин Карапалевски (Вардар јуниор)

7.КОЛО: Иван Тасески (Охрид)

8.КОЛО: Андреј Митиќ (Металург 2)