Левиот бек на Прилеп, Давор Шокоски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 7 коло од Супер машката лига.
Шокоски освои околу 72% од гласовите, а второпласираниот Дејан Шешиќ собра околу 15% од гласовите.
Левиот бек на прилепчани беше најзаслужен и со 15 погодоци го водеше неговиот тим до триумф над Куманово.
Во трка за МВП беа уште и Јан Чувара, Ненад Белистојаноски, Урбан Лесјак, Страхиња Симиќ и Милан Лазаревски.