Ракометарот на Прилеп, левиот бек Давор Шокоски дојде до најголем број на гласови во анкетата за МПВ на 7. коло од Супер машката лига.
Тој имаше добра партија во победата над Струга од 25:22 со што Прилеп дојде до третиот триумф сезонава.
Инаку, доби речиси 51 процент од гласовите и имаше солидна предност пред Симиќ од Тиквеш, кој беше второпласиран со 37,62 проценти.
Другите петмина кои беа во идеалниот тим на колото заостануваа многу. Во трка за МВП на колото беа и Градимир Чаневски (Бутел Скопје), Улисес Рибеиро (Металург), Стојанче Стоилов (Вардар), Стефан Трпчевски (Тиквеш) и Јосип Божиќ Павлетиќ (Еурофарм Пелистер).