МВП НА 6. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА – TOШЕ ОНЧЕВ (РАБОТНИЧКИ)

Левиот бек на Работнички, Тоше Ончев, со вашите гласови го избравте за МВП, односно најкорисен играч на 6. коло од суперлигашкото разигрување за титула и за опстанок.

Ончев беше најдобар поединец во тимот, во значајната победа над големиот ривал за опстанок Тиквеш.

Левиот бек континуирано има добри партии во дресот на Работнички, а на Тиквеш му даде дури 17 погодоци.

Тој освои 47% од вкупниот број на гласови, додека второпласираниот Владимир Јевтиќ од Бутел Скопје имаше 15% од гласовите.