Средниот бек на Голден Арт, Марио Миланов, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 6. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига.
Миланов беше меѓу клучните ракометари во важниот триумф на тимот на Голден Арт над составот на Скопје.
Тој освои околу 56% од гласовите, а второпласираниот Бојан Блажески собра околу 13% од вашите гласови.
Во трка за МВП беа уште и Ненад Костески, Јан Чувара, Петар Маркоски, Лазар Адамовиќ и Мариани Гавашелишвили.