Средниот бек на Бутел Скопје, Марко Митев, го добива признанието за најкорисен играч, односно МВП на 6 коло од плеј-оф/аут од Супер машката лига.
Митев освои околу 55% од гласовите, а второпласираниот Градимир Чаневски собра 15% од гласовите.
Плејмејкерот на Бутел Скопје и македонски репрезентативец, ја продолжува одличната форма што ја имаше во регуларниот дел од сезоната и во плеј-аут.
Во трка за МВП беа уште и Мирко Мајиќ, Михаил Аларов, Стипе Мандалиниќ, Јосип Божиќ Павлетиќ и Јоел Куни Моралес.