МВП на 6. коло во Супер машката лига – Марко Митев (Бутел Скопје)

Ракометарот на Бутел Скопје, Марко Митев имаше одлично издание на средбата против Радовиш  имаше голема улога во победата од 22:21 така што помогна многу за да се дојде до триумф. Тој беше прв стрелец, а иако настапува како среден бек на таа средба беше лево крило и замена за Мирко Мајиќ.

Митев имаше одлично издание и заврши голема работа така што успеа да донесе голем плус за својата екипа. Тоа беше препознаено и од читателите на 24Ракомет, па доби голем процент на гласови.

Марко Митев заврши со 45,47 проценти од гласовите, додека Милан Ѓукиќ имаше 39,93. Другите останаа далеку од нив, а во конкуренција беа Стефан Дрогришки (Тиквеш), Марко Кизиќ (Еурофарм Пелистер), Куни Моралес (Вардар), Михаил Аларов (Пролет) и Јосип Периќ (Еурофарм Пелистер).