Левото крило на Пролет, Давор Палевски, го добива признанието за најкорисен играч, односно МВП на 5 коло од плеј-оф/аут од Супер машката лига.
Палевски освои околу 36% од гласовите, а второпласираниот Мартин Карапалевски собра 22% од гласовите.
Левото крило на Пролет ја продолжува одличната форма што ја имаше во регуларниот дел од сезоната и во плеј-аут.
Во трка за МВП беа уште и Благојче Трајкоски, Емилијан Ѓорговски, Реваз Чантурија, Елмир Граџан и Куни Моралес.