МВП на 4. Коло од Супер машката лига – Халил Озтурк (Охрид)

Средниот бек на Охрид, Халил Озтурк, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 4 коло од Супер машката лига.

Озтурк освои околу 40% од гласовите, а второпласираниот Ненад Костески собра околу 25% од гласовите.

Ракометарот на Охрид и турски репрезентативец, игра во одлична форма од стартот на сезоната.

Во трка за МВП беа уште и Дејан Манасков, Филип Талески, Филип Арсеновски, Марјан Велков и Томислав Јагуриновски.