Пивотот на Бутел Скопје, Кристијан Василевски доби најголем број на гласови воизборот за ракометар на 4. коло од Супер машката лига со што се приклучи на друштвото на ракометари кои го понесоа ова признание во досегашниот дел од сезоната.
Василевски заврши со 30 проценти од вашите гласови, а се најде пред Тимур Дибиров и Благојче Трајкоски.
Во конкуренција беа и Јане Јанчев (Тиквеш), Филип Кривокапиќ (Охрид), Реваз Чантурија (Прилеп) и Куни Моралес (Вардар).
Во продолжение можете да видите и каков беше процентот на добиени гласови.