Кружниот напаѓач на Голден Арт, Давид Даев, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 4. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига.
Даев беше меѓу клучните ракометари во составот на Голден Арт во гостинскиот триумф кај незгодната Струга.
Тој освои околу 33% од гласовите, а второпласираниот Бојан Блажески собра околу 20% од вашите гласови.
Во трка за МВП беа уште и Ненад Костески, Никола Бечејац, Дејан Манасков, Мириани Гавашелишвили и Игор Ѓоргиев.