Играчот на Охрид, Крсте Андоновски собра најмногу гласови во анкетата за најдобар играч во 4. коло од Супер машката лига. Со 45% од вкупниот број на гласови тој се најде на првото место така што е новиот играч на списокот.
Зад Андоновски при гласањето останаа Томислав Јагуриновски (Металург, 24%), Виктор Василевски (Металург 2, 14%), Стефан Крстевски (Вардар јуниор, 6%), Иван Џонов (Пролет 62, 4%), Бобан Блажески (Охрид, 4%) и Васко Димитровски (Пелистер, 3%).
Редакцијата на 24Ракомет и годинава ќе ви овозможи со вашите гласови да го бирате најдобриот ракометар во секое коло од првиоте дел на сезоната во кој ќе бидат одиграни 18 кола.
ДОСЕГАШНИ ИГРАЧИ НА КОЛО ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА, СЕЗОНА 2019/20
1.КОЛО: Стефан Додиќ (Металург)
2.КОЛО: Мартин Серафимов (Металург)
3.КОЛО: Давор Палевски (Работнички)
4.КОЛО: Крсте Андоновски (Охрид)