Левото крило на Металург, Милан Поповиќ, со вашите гласови го избравте за МВП, односно најкорисен играч на 3. коло од суперлигашкото разигрување за титула и за опстанок.
Црногорскиот интернационалец беше меѓу најдобрите стрелци во триумфот на Металург над Еурофарм Пелистер 2 и постигна осум погодоци.
Поповиќ имаше одлични партии и во европските настапи за Металург, а сега продолжува во ист ритам и во плеј-офот од Суперлигата.
Тој освои 52% од вкупниот број на гласови, додека второпласираниот Марко Трајковски од Јуниор КВ имаше 24% од гласовите.