Организаторот на играта на Струга, Владан Кастратовиќ, го добива признанието за најкорисен играч, односно МВП на 3 коло од плеј-оф/аут од Супер машката лига.
Кастратовиќ освои околу 60% од гласовите, а второпласираниот Мартин Томовски собра 17% од гласовите.
Плејмејкерот на стружани ја продолжува одличната форма и во плеј-аутот и на Радовиш му даде седум гола.
Во трка за МВП беа уште и Стипе Мандалиниќ, Мирко Мајиќ, Владимир Јевтиќ, Гоце Георгиевски и Куни Моралес.