МВП на 3. коло во Супер машката лига: Давор Палевски (Работнички)

Ракометарот на Работнички, кој на средбата против Металург 2 постигна дури 16 гола дефинитивно покажа најмногу во натпреварите од 3. коло и сосема заслужено заврши на врвот во гласањето за играч на колото во Супер машката лига.

Тој сезонава игра во одлична форма и е лидер во играта на Работнички. Неговата игра беше дефинитивно далеку во однос на колегите, а тоа му донесе дури 48 проценти од вкупниот број на гласови.

Зад Палевски остана неговиот колега од Работнички од лани, Кристијан Милошевски, кој годинава игра за Бутел Скопје. Милошевски доби 38% од гласовите, а потоа следуваа Бобан Блажески (Охрид, 5%); Филип Василевски (Пролет, 3%); Филип Николов (Радовиш, 3 %), Ласко Андоновски (Пролет, 2%) и Никола Кизиќ (Пролет 62, 1%).

Редакцијата на 24Ракомет и годинава ќе ви овозможи со вашите гласови да го бирате најдобриот ракометар во секое коло од првиоте дел на сезоната во кој ќе бидат одиграни 18 кола.

ДОСЕГАШНИ ИГРАЧИ НА КОЛО ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА, СЕЗОНА 2019/20

1.КОЛО: Стефан Додиќ (Металург)

2.КОЛО: Мартин Серафимов (Металург)

3.КОЛО: Давор Палевски (Работнички)