Младиот ракометар на Еурофарм Пелистер 2, Емилијан Ѓорговски, го добива признанието за најкорисен играч, односно МВП на 22 коло од Супер машката лига.
Ѓорговски успеа да освои 40% од гласовите и убедливо беше најдобар во трката со останатите шестмина.
Членот на вториот тим од Битола имаше уште една одлична средба и сè повеќе ги покажува своите квалитети. Со девет гола беше најефикасниот играч во победата против Охрид во последното коло од регуларниот дел.
Во трка за МВП беа уште и Ненад Костески, Благојче Трајкоски, Патрик Валчак, Мирко Мајиќ, Марио Танкоски и Ѓорѓе Голубовиќ.