Голманот на Еурофарм Пелистер, Марко Кизиќ, го добива признанието за најкорисен играч, односно МВП на 2 коло од плеј-оф/аут од Супер машката лига.
Кизиќ освои околу 37% од гласовите, а второпласираниот Емилијан Ѓорговски собра 20% од гласовите.
Голманот на битолчани беше клучот на победата во дерби натпреварот на гостински терен против шампионот Вардар.
Во трка за МВП беа уште и Мирко Мајиќ, Филип Николов, Мице Шилегов, Никола Маркоски и Реине Табоада.