Левото крило на Тиквеш, Дарко Кондев е играчот што доби најмногу гласови во анкетата за избор на МВП на 18. коло. Тој се најде пред конкуренцијата така што убедливо заврши на првото место.
Кондев имаше голема предност пред конкурентите бидејќи доби над 58 проценти од гласовите. Беше во голама трка со Бајрактеревиќ од Струга, но десниот бек на стружани остана со 35 проценти од гласовите и не можеше да следи.
Со оглед на тоа што собраа доста голем број на гласови двајцата ракометари на Тиквеш и Струга, другите петмина имаа мал процент. Зад нив завршија Јагош Брауновиќ (Охрид), Дејан Кукуловски (Еурофарм Пелистер), Мице Шилегов (Охрид), Анте Гаџа (Вардар) и Никола Стефановиќ (Тиквеш).