Организаторот на играта на екипата на Тиквеш, Страхиња Симиќ е број 1 во 17. коло од Супер машката лига откако доби убедливо најголем број на гласови во изборот на МВП.
Симиќ успеа да добие дури 55,1 процент од гласовите така што ги остави своите колеги далеку зад себе бидејќи второпласираниот Џонов е со 18 проценти.
Зад најдобрите двајца во ова гласање останаа Мирко Мајиќ (Бутел Скопје), Јане Цветковски (Пролет), Андре Буторац (Еурофарм Пелистер 2), Јосип Божиќ Павлетиќ (Еурофарм Пелистер) и Елмир Граџан (Еурофарм Пелистер).