Десниот бек на Струга, Жарко Бајрактаревиќ е играч на 16. коло во Супер машката лига. Тој доби најмногу гласови во анкетата за избор на играч на колото од ракометарите кои се најдоа во идеалниот тим.
Бајрактаревиќ доби 40,26 проценти од гласовите со кои имаше голема предност во однос на второпласираниот Палевски кој имаше 25,64 проценти.
Зад нив останаа Емилијан Ѓорговски (Еурофарм Пелистер 2), Александар Стојаноски (Тиквеш), Ненад Костески (Еурофарм Пелистер), Стојанче Стоилов (Вардар) и Филип Кривокапиќ (Охрид).