Младинскиот репрезентативец на Македонија, кој игра за Металург, левото крило Дарко Кондев доби најмногу гласови при изборот на МВП за 14. коло од Супер машката лига.
Кондев доби 63 проценти од вкупниот број на гласови и имаше речиси двојно повеќе од десното крило на Будел Скопје, Мартин Димов кој заврши со 33 проценти.
Другите петмина имаа далеку помалку гласови. По еден процент од гласовите добија Денис Тот (Охрид), Михајло Младеновиќ (Металург) и Славјан Паунов (Радовиш). Зад нив беа играчите на Пролет 62, Ласко Андоновски и Михаил Аларов.
Редакцијата на 24Ракомет и годинава ќе ви овозможи со вашите гласови да го бирате најдобриот ракометар во секое коло од првиоте дел на сезоната во кој ќе бидат одиграни 18 кола.
ДОСЕГАШНИ ИГРАЧИ НА КОЛО ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА, СЕЗОНА 2019/20
1.КОЛО: Стефан Додиќ (Металург)
2.КОЛО: Мартин Серафимов (Металург)
3.КОЛО: Давор Палевски (Работнички)
4.КОЛО: Крсте Андоновски (Охрид)
5.КОЛО: Лука Вујовиќ (Металург)
6.КОЛО: Мартин Карапалевски (Вардар јуниор)
7.КОЛО: Иван Тасески (Охрид)
8.КОЛО: Андреј Митиќ (Металург 2)
9.КОЛО: Иван Тасески (Охрид)
10.КОЛО: Христијан Крстаноски (Струга)
11.КОЛО: Милан Поповиќ (Металург)
12.КОЛО: Лука Стојановиќ (Металург 2)
13.КОЛО: Даниел Дупјачанец (Металург)
14.КОЛО: Дарко Кондев (Металург)