Десното крило на Еурофарм Пелистер, Милан Ѓукиќ, со вашите гласови го избравте за МВП, односно најкорисен играч на 12. коло од суперлигашкото разигрување за титула и за опстанок.
Српскиот интернационалец беше меѓу најдобрите поединци, во значајната победа на домашен терен против составот на Металург.
Ѓукиќ по подолго време се најде во преден план на наптреварите на битолчани и одлично си ја одработи задачата.
Тој освои 51% од вкупниот број на гласови, додека второпласираниот Мартин Димовски освои 44% од гласовите.