Кружниот напаѓач на Охрид, Владимир Бојаниќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 12. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига.
Српскиот интернационалец беше меѓу клучните поединци на мечот што Охрид го доби против Еурофарм Пелистер 2 и ја продолжи трката за место во европските купови.
Тој освои околу 50% од гласовите, а второпласираниот Maрио Мишевски имаше околу 27% од вашите гласови.
Во трка за МВП беа уште и Ненад Костески, Мартин Серафимов, Страхиња Симиќ, Урбан Лесјак и Давор Шокоски.