Организаторот на играта на тимот на Тиквеш, Страхиња Симиќ е најдобриот играч во 12. коло од Супер машката лига откако доби најмногу гласови во Анкетата на 24 Ракомет.
Симиќ имаше голема предност во однос на конкурентите бидејќи самиот освои речиси колку сите други заедно. Имаше повеќе од 48 проценти од гласовите со што успеа да се избори за првото место.
Зад Симиќ останаа Ненад Костески (Еурофарм Пелистер), Марјан Велков (Тиквеш), Филип Талески (Вардар), Костадин Петров (Металург), Мирко Мајиќ (Бутел Скопје) и Златко Хорват (Металург).