МВП на 1. Коло од Супер машката лига – Здравко Постолов (Радовиш)

Левиот бек на Радовиш, Здравко Постолов, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 1 коло од Супер машката лига.

Постолов освои околу 53% од гласовите, а второпласираниот Василије Печурица од Еурофарм Пелистер 2 собра околу 33% од гласовите.

Левиот бек на радовишани, ја продолжува одличната форма што ја имаше минатата сезона и на стартот на новата сезона во суперлигашкото друштво

Во трка за МВП беа уште и Мирко Мајиќ, Куни Моралес, Филип Арсеновски, Димитар Ѓоргиевски и Ненад Костески.