Ракометарот на Пролет кој настапува на позицијата среден бек, Жарко Пејовиќ доби најмногу гласови во изборот на играч на 1. коло од Супер машката.
Пејовиќ успеа да собере 35,18 проценти од гласовите и беше со солидна предност во однос на Бобан Блажески од Струга, кој заврши со 26,7 проценти.
И двајцата имаа добри настапи за своите тимови на почетокот на сезоната. Ќе биде доста интересно, па затоа секој настап на ракометарите ќе биде забележан и така ќе можат да бидат поблизу до место во Топ 7 на колото, а со тоа и во изборот за играч на колото.
Во продолжение можете да видите и како изгледа табелата на гласови на ракометарите кои се најдоа во изборот за 1. коло од Супер машката лига.