МВП НА 1. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА – НИКОЛА ПОТИЌ (ПРОЛЕТ)

Десниот бек на Пролет, Никола Потиќ, со вашите гласови го избравте за МВП, односно најкорисен играч на 1. коло од суперлигашкото разигрување за титула и за опстанок.

Српскиот интернационалец не се наигра во Металург во есенскиот дел од сезоната, но затоа беше меѓу најзаслужните за триумфот на Пролет над тимот од Автокоманда.

Тој постигна пет погодоци во големата победа над Металург, а ова признание сигурно ќе му даде голема самодоверба за продолжението од сезоната.

Потиќ освои дури 56% од гласовите на фановите, додека второпласираниот Јосип Периќ имаше 14% од гласовите.