Левото крило на екипата на Еурофарм Пелистер, Бојан Маџовски размислува оптимистички пред првиот натпревар од новата сезона во СЕХА лигата, а во својата изјава потврдува дека на овој натпревар ќе се оди на три бода.
Очекувањата од сезоната се да се успее во намерата да се дојде меѓу најдобрите четири, а тоа би било можно доколку се има добра позиција на крајот од групната фаза.
„Ова ќе биде добар тест за нас пред натпреварите од Лигата на Европа, а свесни сме дека денеска се соочуваме со ривал кој е голема непозната. Имаме добар ритам и сметам дека сме на робар пат. Нашата цел е да се пласираме во полуфинале во СЕХА лигата годинава“, вели Маџовски.
Натпреварот против Партизан утре се игра во Белград, а почетокот е од 17:30 часот.