Тимот на Цвикау, каде што игра македонската репрезентативка Симона Маџовска, и следната сезона ќе игра во Бундес лигата.
Цвикау славеше две победи во бараж средбата против прволигашот Гепинген и го потврди опстанокот во елитната конкуренција.
На првата средба на домашен терен беше 26-23 за Цвикау, додека на гостински терен беше остварена нова победа со 30-27.
Маџовска се уште се опоравува од повредата и не можеше да им помогне на своите колешки во битката за опстанок.