Мајсторијата на Хансен за голема победа во Монпелје (ВИДЕО)

ПСЖ оствари голема победа на гостувањето кај Монпелје во француското првенство и после осум кола остана со максимален биланс. Еден од најзаслужните за победата беше Данецот Микел Хансен кој одигра уште еден одличен натпревар, а во последната секунда беше стрелец на победничкиот гол. На истекот на времето немаше веќе можност за комбинации и Хансен шутираше од место неодбранливо за противничкиот голман за победа. Мајсторијата на еден од најдобрите светски ракоемтари погледнете ја во следното видео.