Мајка и ќерка заиграа заедно, донесоа победа за својот тим

На натпревар од првенството на Шпанија меѓу тимовите на Ла Калзада од Хихон и Морверде домашните забележаа победа од 31:17, но од теренот остана запишан еден друг интересен момент.

Во победничкиот состав имаше мајка и ќерка кои запишаа несекојдневен момент. Заедно играа Мариса Фарија (38 години) која е репрезентативка на Парагвај и нејзината ќерка, 16-годишната Јерути.

„Многу бев среќна кога Јерути ми кажа дека е повикана за да настапи во првата екипа. Во текот на натпреварот не ни сфатив дека е испратена да се загрее и потоа се појави на теренот. Кога ја видов во игра таа се насмевна. Во исто време ми дојде да заплачам и ми се појавија солзи, но морав да ги задржам емоциите“, вели Мариса Фарија.

Нејзината ќерка се најде на теренот во 55. минута и постигна гол од линијата од седум метри.