Мајиќ знае и како бек – со удар од десетина метри го изненади Охрид (ВИДЕО)

Во натпревар од 8. коло во Супер лигата, Охрид и Бутел Скопје ремизираа, 22-22 во возбудлив натпревар до самиот крај. Во поголемиот дел од првото полувреме гостите имаа предност, но до полувреме Охрид успеа да израмни. Еден од најдобрите играчи на Бутел, Мирко Мајиќ имаше уште едно одлично издание и уште еднаш беше најефикасен во својот тим . Еден од головите кои ги постигна беше од невообичаена позиција, односно од лев бек. Голот на Мајиќ погледнете го во следното видео....