Ракометарите на Бутел во рамки од 6. коло од плеј-оф фазата во Супер машката лига славеа на свој терен против конкурентот за 3 место, Еурофарм Пелистер 2, со резултат 28:19 (13:11). Предводени од голманот Чаневски со 15 одбрани, бутелци целосно го надиграа Еурофарм Пелистер 2 во второто полувреме.
Избраниците на Кристијан Грчевски големата победа им ја посветија на прерано починатите колеги од клубот, Марко Божиновски и Денис Тот. Најефикасниот ракометар на Бутел против Еурофарм Пелистер 2, Мирко Мајиќ, на социјалните мрежи напиша емотивна порака.
„Оваа победа им ја посветуваме на нашите браќа, Марко Божиновски и Денис Тот. Знам дека сте горди на сите нас и дека не чувате од небото. Ве сакаат вашите браќа и колеги“.
Чаневски блескаше на голот, Бутел Скопје немаше милост за младите пелистерци