Мацкевич од гол на гол во последната секунда го реши Елверум (ВИДЕО)

Елверум и Мешков Брест одиграа драматичен натпревар кој после голема драма и погодок во последната секунда славеше екипата од Белорусија со 32:33. Стрелец на победничкиот гол и херој на Мешков Брест беше голманот Иван Мацкевич, кој во последните моменти од натпреварот одбрани и погоди од гол на гол на празната мрежа на Елверум. Победничкиот погодок може да го погледнете во видеото.