Тимот на Пролет немаше сили за надигрување, ниту за евентуално изненадување во полуфиналниот дуел од Купот против Еурофарм Пелистер.
Битолчани обезбедија рутинска победа од 28:21 и во финалето ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Вардар и Алкалоид.
Голманот на Пролет, Данило Михалевиќ, истакна дека Пролет со самиот настап на Ф4 турнирот собрал големо искуство.
,,Ние дојдовме да одиграме, да се покажеме во добро светло, го дадовме својот максимум и мислам дека ова е едно големо искуство за сите нас. Што се однесува до квалитетот на шампионатот, изненаден сум позитивно. Се појави и Алкалоид во борбата за титулата, тука се и Тиквеш, Охрид, тука сме и ние, па така македонската лига е на едно високо ниво. Јас сум задоволен од досега покажаното и мојот трансфер во Пролет сигурно беше чекор напред во кариерата”, изјави Михалевиќ.
Еурофарм Пелистер по 14 пат ќе игра финале на Куп откако „лесно“ го реши Пролет