Десниот бек на репрезентацијата на Данска, Матијас Гидсел освои само сребрен медал со својата селекција на Олимписките игри, а не е ниту најдобар десен бек во Ол-стар тимот, но затоа е прогласен за МВП на турнирот.
Гидсел кој имаше мала незгода во групната фаза покрај Хансен беше вториот играч кој играше на високо ниво во селекцијата на Данска и се промовираше во иден лидер на овој состав.
Имаше неколку одлични партии, но не успеа во финалето со колегите да дојде до златото. Со 46 гола беше втор стрелец зад Микел Хансен кој имаше 61 погодок на ова натпреварување.
Инаку, во најдобрата постава на турнирот имаше место само за играчи на репрезентациите кои играа полуфинале, а овој пат го нема Никола Карабатиќ во првата седумка.