Репрезентацијата на Унгарија со голот на Доминик Мате во последната секунда ја прослави првата победа на Европското првенство откако беше подобра од Португалија во вториот натпревар од групната фаза на ЕП со 31:30.
Десеткуваната репрезентација на Португалија имаше одличен старт. Со три погодоци за три минути, водството на Португалците во воведниот дел беше 3:0. Унгарците конечно го скршија мразот по четири минути игра преку Доминик Мате и до крајот на првото полувреме беа подобар противник.
Лошиот старт веќе падна во заборав, па така погодоците на Унгарците започнаа да се редат. Унгарија по кризниот период направи серија од 3:0, израмни на 5:5 и имаше речиси целосна контрола до самиот крај на првото полувреме.
По водството на Унгарија од 14:13, Португалија направи серија од 2:0 и на полувреме замина со минимална предност од 15:14.
Во второто полувреме шанса на голот во унгарската репрезентација доби голманот од Еурофарм Пелистер, Мартон Секељ. Унгарците израмнија на 15:15, а потоа повторно дојдоа до водство од 16:15. Играта гол за гол, како и сама неизвесност продолжи до последната секунда.
На десет минути до крајот водството на Унгарија беше плус три гола разлика, 27:24. Португалија успеа да искористи дел од грешките на Унгарците и да израмни на 28:28 во 56. минута, а потоа следуваа уште по два погодоци на двете репрезентаци. При нерешен резултат од 30:30, Доминик Мате со својот осми гол донесе важна победа за неговата репрезентација.
ЕП 2022, ГРУПА Б – ТАБЕЛА