Македонскиот стратег Марјан Колев и следната сезона ќе седи на клупата на францускиот тим Курнон Доверњ.
Колев на почетокот на септември го презема овој третолигаш и најпрво договори соработка со крајот на оваа сезона.
По позитивните резултати, раководството веднаш му понуди нов договор, па Колев се обврза на верност до 2024 година.
Македонецот долго време е во Франција, најпрво како играч, а потоа и како тренер. Претходно го водеше женскиот тим Ница со кој низа успешни резултати.