Голманот на Еурофарм Пелистер, Мартон Секељ блескаше на голот на тимот од Битола во досегашниот дел од сезоната, а тоа му донесе место и во составот на Унгарија кој се подготвува а настап на Европското првенство.
Во интервју за унгарското „Веб Радио“, тој откри како е во Битола и упати многу пофалба и за колегите, но и за навивачите од Битола.
„Во Битола е навистина убаво. Тука има играчи со менталитет и размислување кои ми помогнаа многу на почетокот. Сите кои се овде живеат и гинат за ракометот. За среќа овде личниот интерес е турнат во втор план. Сите вклучително и јас заедно се бориме да можеме да донесеме успех за тимот. Тимското единство е огромно и благодарение на него можеме да постигнеме добри резултати. Кога дојдов сите ме пречекаа со раширени раце. Ми помогнаа многу за адаптацијата, а потоа го освоивме Супер купот на Македонија“, вели голманот на Еурофарм Пелистер.
Тој се подготвува за настап на Европското првенство со селекцијата на Унгарија и се очекува да биде меѓу ракометарите кои ќе добијат шанса за да играат.