Хрватскиот репрезентативец Иван Мартиновиќ ќе биде новото засилување во екипата на Рајн Некар за сезона 2024/25.
Десниот бек од Хрватска со раководството на тимот од Манхјам се договори на соработка, со важност од две години, а таму ќе игра со колегата од националниот тим, Халил Јагањац.
Мартиновиќ моментално ја игра петтата сезона во Бундес лигата и има актуелен договор со Мелсунген, кој е предводен од поранешниот тренер на Вардар, Роберто Гарсија Парондо.
25-годишниот ракометар во Мелсунген пристигна од редовите на Хановер во текот на 2021 година.
Хрватот претходно настапуваше за Гумерзбах и Фајверс од Австрија. Со одличните настапи во најквалитетната лига на светот стана репрезентативец на „коцкестите“ во 2019 и веднаш се наметна предводник на подмладената хрватска репрезентација.